Владо Георгиев стана татко по вторпат

Еден од најомилените пејачи на овие простори Владо Георгиев стана татко по вторпат. Неговата партнерка Милица Самарџија, со која веќе ја има ќеркичката Софија, роди уште едно девојче.



Радосните вести гордиот татко ги сподели со пријателите и со следбениците на социјалните мрежи, а откри и кое име го одбрале за ќерќичката…


Без многу зборови, кратко и јасно, само напишал: „Се роди Јелена“. На сличен начин и во септември 2016 година го објави раѓањето на првата ќерка Софија.


Владо и Милица веќе неколку години се во врска. А, како што раскажал некогашниот најпосакуван ерген и миленик на женскиот дел на публиката набрзо по раѓањето на Софија, одлично се снашол во улогата на татко.