(ВИДЕО) Том Круз направи хаос низ Лондон: Трчаше преку железничкиот мост над Темза

Лондон денеска беше блокиран, што предизвика застој во сообраќајот, поради снимањето на новото продолжение од филмскиот серијал „Невозможна мисија“, каде главната улога ја толкува холивудскиот актер Том Круз.




За потребите на филмот Круз трчаше преку врвот на железничкиот мост „Блекфрајерс“ над Темза.


Кадрите беа снимани од хеликотери во низок лет, а за време на снимањето беше забранет пристапот до мостот по копнен и речен пат. Едиствено слободно беше движењето на возовите по мостот.


Круз е познат по тоа што самиот настапува во опасните сцени во филмовите и не користи дублери./Nezavisen



Погледнете дел од неговите најоткачени моменти при јавните настапи: