Венко Глигоров: Што ако го решат името, ако државата е шуплива и пред распад?

Ако не ги решаваат домашните проблеми, а гледаме дека еден (груев)изам го заменија со многу сличен (заев)изам, не смееме да дозволиме самостојно да ги решаваат надворешните проблеми на Македонија.


Што ако го решат името (и прашање е дали ќе го решат ако не вршат работа на домашен план), ако државата е шуплива и пред распад? Кој ќе види аир од промената на името? ВаЉда треба сите ние да имаме некаква корист и светла иднина, или сум грешка?


Демек, кој го врти народот, ние ќе лапаме, ќе се сликаме секаде ала Грујо и сами ќе си решиме за името во Парламент. Каде така и со тој памет? Па и меѓународната заедница не се глупи. И тие прават сондажи за “зрелоста” на општеството.


Еве еден вистински пример кој не смее да не’ остави рамнодушни. Замислете, вицепремиерското место за реформи било стратешко важно за Владата и Премиерот – и го чувале за Алијансата!!!???? Ако е нешто стратешки важно, а убеден сум дека ова место е важно, тогаш ова место треба приоритетно да се пополни и тоа со екстра добар кадар. Не смее ова место да биде за размена меѓу коалицијата или да стои упразнето за да се додели на некој како кусур од некаков договор. По ова можеме да ги заклучиме намерите на Владата за реформи.


Не треба реформи … туку промени или turnaround. Ако Владата не се посвети на стратешки (структурни) промени во општеството – ми личи дека за Македонија ова ќе биде најтешката а можеби и фатална година. Би посакал да сум грешка со ова …


Венко Глигоров