Бразилски ореви за појак имунитет, здраво срце и чиста кожа

Бразилските ореви се богати со минерали и витамини, протеини, масти, јаглехидрати и влакна и се сметаат за исклучително квалитетна храна, особено поради невообичаено високата содржина на селен.



Ова се шест причини ошто треба да ги вклучите бразилските ореви во вашата исхрана:


Здраво срце


Бразилските ореви содржат големо количество здрави незаситени масти што се поврзани со одржување на рамнотежата меѓу „добриот“ и „лошиот“ холестерол во организмот и подобрување на срцевото здравје. Тие ги елиминираат опасните омега-6 масни киселини од телото и кардиоваскуларниот систем.


Чиста кожа


Бидејќи содржат многу цинк, бразилските ореви помагаат во чистење на кожата од акни. Маслото од бразилски орев е богато со витамини и антиоксиданси што ја негуваат кожата, а селенот ѝ дава на кожата здрав сјај и ја подобрува нејзината еластичност.


Помагаат при слабеење


Хранливите материи како влакна, протеини и сложени јаглехидрати ги прават бразилските ореви прилично квалитетна храна. Во 30 грама има околу 200 калории, па се советува да ги јадете во ограничени количини. Умереното јадење може да помогне при слабеење.


Го поттикнуваат дигестивниот систем


Влакната го олеснуваат движењето на храната во дигестивниот систем и извлекуваат што е можно повеќе хранливи материи. Тоа исто така помага во спречување на создавањето на чир на желудник, запек, надуеност, грчеви и посериозни проблеми како рак на дебелото црево.


Го зајакнуваат имунитетот


Антиоксидансите и органските материи што се содржат во бразилските ореви помагаат во зајакнување на имунитетот. Селенот и цинкот, во комбинација со витаминот Ц го стимулираат создавањето на бели крвни зрнца во организмот и на тој начин телото на природен пат се бори против слободните радикали.