Анџелина Џоли го открила моментот кој бил пресуден за нејзиниот брак со Бред Пит

Сите добро се сеќаваме на моментот кога Анџелина Џоли и Бред Пит ја започнаа својата љубовна врска, и покрај фактот дека Бред тогаш сè уште беше во брак со холивудската актерка Џенифер Анистон.

Набрзо потоа, Бред ги предаде документите за развод, а Анџелина го доби епитетот на “растурачка на бракови”. Дванаесет години подоцна, овој популарен пар се разведе по само две години брак и шест деца, од кои три се посвоени.



Јавноста веднаш почнала да зборува за Бред Пит и неговите проблеми со алкохолот, агресивноста кон Анџелина и децата и неверството. Во едно неодамнешно радиско интервју, актерката конечно проговорила за кобниот момент за нивниот брак.


“Уште во 2015 година пробав да го спасам нашиот брак,но мојот потег се покажа како неуспешен. Станува збор за пишувањето и снимањето на заедничкиот филм “By The Sea” кој го прикажува животот на двајца луѓе кои пробуваат да го спасат својот брак.



Мислев дека тоа ќе биде добар начин да воспоставиме подобра комуникација. Се запознавме, снимајќи го “Mr. & Mrs. Smith” па затоа мислев дека тоа и сега ќе нѝ помогне, но снимањето нѝ беше многу тешко. Таа тежина која се создаде помеѓу нас продолжи да постои”, признала актерката и продолжила:


“Филмот не успеа да ги реши нашите проблеми, но сепак малку подобро комунициравме меѓу себе. Барем си го кажавме еден на друг она што имавме да го кажеме”, изјавила Џоли.